24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВиена: 2012 најдобра туристичка година досега

Виена: 2012 најдобра туристичка година досега

viena

Туристичката организација на градот Виена „Wien Tourismus“, вчера го објави извештајот за 2012 година, која е прогласена за најдобра туристичка година досега, во неа имало 12,3 милиони ноќевања, односно бил забележан раст од 7,5 проценти.

Нето приходите од сместувачките капацитети во Виена надминаа половина милијарда евра.

Сеуште не е познато, колку манифестациите околу прославата на „Годината на Густав Климт“, допринеле за туристичките рекорди. Германија, Австрија и Италија беа најразвиените пазари во 2012 година, меѓутоа, за успехот беше пресуден приливот на туристи од Русија, САД, Кина, Бразил, Саудиска Арабија, Турција и Обединетите Арапски Емирати.

„Уметноста на уживањето“ е мотото со кое „Wien Tourismus“ во 2013 сака да привлече многу повеќе туристи во Виена.

За маркетинг активности во 23 држави ќе издвои 14 милиони евра, а се работи за земји од кои туристите сочинуваа 84,4 проценти од сите ноќевања во 2012 година. Речиси една третина од нив се воневропски земји.

Во новата кампања „Уметноста на уживањето“ Виена, на важни културни манифестации низ цела Европа ќе ги промовира новите туристички знаменитости, како што е „Уметничката ризница“ во Музејот на историјата на уметноста, градската палата Лихтенштајн, новиот музички центар „MuTh“ и „Златениот блок“ за ексклузивен шопинг во историски амбиент во првата градска населба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП