29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВо само неколку чекори: Заблескајте на состанокот

Во само неколку чекори: Заблескајте на состанокот

Дури и некој кој е природно повлечен, преку стратегијата на Венди Гелберг, автор на бројни изданија на оваа тема, многу лесно може да се истакне на некој важен состанок.

За да се истакнете на состанок во само неколку чекори, потребно е следново да го направите:

 

Поставите цели

Отворете ја агендата, погледнете кога е состанокот и размислете што сакате да постигнете на него. Доколку досега сте молчеле, предизвикајте се себеси да учествувате барем со една идеја, коментар или сугестија.

 

Зборувате кога и да имате можност

Ако состанокот е премногу застрашувачки и повторно не сте кажале ниту збор, побарајте го шефот после состанокот и замолете го да издвои некоја минута за вас. Немојте да се плашите, напротив, треба да ви биде полесно, со оглед на тоа дека сте во помалку напната состојба.

 

Се промовирате

Не мешајте ги фалењето и самопромовирањето. Истакнете ги пред шефот сите позитивни резултати кои сте ги постигнале во разни проекти. Неодамнешната студија покажала дека, луѓето кои ја имаат ова особина побрзо напредуваат до лидерските позиции.

 

Фаќате забелешки

Водете евиденција на својот успех. Кога ќе дојде време за унапредување, ќе ги имате писмено сите причини и аргументи зошто сте го заслужиле тоа унапредување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП