25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлонсо му се приклучува на Фетел во Ред Бул?

Алонсо му се приклучува на Фетел во Ред Бул?

Alonso-Vettel-2013-fotoshowBigImage-bc9fa064-706556

Тимот на Ред Бул започна преговори за формирање на „ѕвезден“ тим Себастијан Фетел – Фернандо Алонсо. Информациите се појавија за време на ГН на Унгарија, според кои тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер и агентот на Шпанецот, Луис Гарсија Абад одржале тајни разговори на патеката „Хунгароринг“ во петокот.

На прашањата од новинари што била темата на разговор меѓу нив и двајцата, Хорнер и Абад негираа дека разговарале за преминувањето на Алонсо во Ред Бул.

Менаџерот тврди дека зборувал со шефот на Ред Бул за Карлос Сајнц Џуниор, кој пилот исто така го претставува.

Еве што одговори Хорнер на прашањето за Фернандо, кој има потпишано договор со Ферари до 2016-та година и ќе мора да бидат платени сериозни казни доколку сакаат да премине во Ред Бул.

„Дали Алонсо е слободен? Незнам, подобро прашајте го него“, дипломатски одговори Хорнер.

Тимскиот шеф на Скудерија, Стефано Доменикали исто така одговори на прашања од новинарите.

„Прво имаме договор со Фернандо за уште доста години. Нема сомневање дека тој е исклучително важен за Ферари и продолжуваме да работиме со него, за да ја постигнеме целта, а таа секогаш била светската титула во Формула 1“, објасни Доменикали.

Дури и да имало тајни преговори меѓу шефовите на Ред Бул и менаџерот на Алонсо, не е јасно дали двајцата возачи воопшто ќе можат да работат во еден тим. Двократниот светски шампион и неговиот најголем противник на патеката, Фетел се тешки карактери и тешко дека ќе можат да работат во тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП