24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландскиот министер за финансии нов шеф на Еврогрупата

Холандскиот министер за финансии нов шеф на Еврогрупата

dz111

Холандскиот министер за финансии Жерон Дијселблум, вчера во Брисел беше избран за нов шеф на Еврогрупата, на местото на досегашниот премиер на Луксембург, Жан Клод Јункер.

Дијселблум (46), кој го предводи одделот за финансии во неговата земја, ќе се соочи со најтешките светски финансиски задачи – со цел да им помогне на 17 земји членки на ЕУ кои го користат еврото како заедничка валута, да ја вратат финансиската стабилност.

Неговиот претходник Јункер, беше на чело на Еврогрупата осум години, а на вчерашниот состанок на министрите на еврозоната во Брисел, Дијселблум беше избран за негов наследник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП