18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал треба да даде 120 милиони за Бејл

Реал треба да даде 120 милиони за Бејл

bale_2578947b

Раководството на Реал Мадрид веќе знае колку треба да плати за ѕвездата на Тотенхем, Герет Бејл, пишува денешен „АС“. Од „Сантијаго Бернабеу“ мораат да извадат 120 милиони евра, ако го сакаат Велшанецот во своите редови. Толку побарал претседателот на „Спарс“, Даниел Леви.

Другата опција е „белите“ да приготват 100 милиони за 24-годишниот играч и да додадат уште еден фудбалер во трансакцијата. Најмногу споменувано име е она на Анхел ди Марија. Аргентинецот нема да игра редовно при доаѓањето на Велшанецот и затоа „кралевите“ се подготвени да го жртвуваат во името на сензационалниот трансфер.

Флорентино Перез има голема желба да го купи најдобриот најдобар фудбалер во Англија, додека новиот тренер Карло Анчелоти е задоволен со овој состав.

Од „Вајт Харт Лејн“ пак се обидуваат да го убедат Бејл да потпише нов договор со нив, нудејќи му двојно зголемување на платата  од 4.5 на 9 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП