28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО50 милиони фунти бара Ливерпул за Суарез

50 милиони фунти бара Ливерпул за Суарез

suares

Од Ливерпул за прв пат се изјаснија дека се подготвени да го продадат Луис Суарез, откако самиот фудбалер им рекол дека сака да оди во Арсенал.

Менаџерот на „црвените“ Брендон Роџерс објави дека Уругвајскиот напаѓач ќе чини 50 милиони фунти и сите што го посакуваат неговиот потпис ќе мораат да ја платат таа сума.

„Топџиите“ се обидеа да ја активираат посебната клаузула во договорот на Суарез, нудејќи вчера 40 милиони плус 1 фунта за него.Тимот од градот на Битлси го отфрли овој предлог.

Сепак веќе се присутни првите знаци дека стратегијата на Арсенал успева, откако на Суарез му било кажано дека може да преговара со Арсенал, а Ливерпул конечно призна дека може да се раздели со него.

Лондончани се подготвени да ја зголемат понудата, вклучувајќи различни бонуси во договорот, но е малку вреројатно дека вкупниот износ ќе стигне до 50 милиони фунти.

Најголемата загриженост на Арсен Венгер и компанија е шпанскиот гигант Реал Мадрид, кој може да понуди некоја преголема понуда и да им го земе Суарез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП