20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународниот организиран криминал заработува 870 милијарди долари годишно

Меѓународниот организиран криминал заработува 870 милијарди долари годишно

Adbusters-Organized-Crime

Меѓународниот организиран криминал прави 870 милијарди долари(658 милијарди евра) од трговија со дрога, луѓе и сајбер криминал, според проценката на агенцијата од Обединети нации-ОН.

,,Тие имаат 870 милијарди долари годишно,тоа е огромна сума на пари”, рече шефот на канцеларијата на ОН за борба против дрогата и криминалот, Рус Јури Федотов.

,,Тоа ги мотивира криминалците. Парите, за да бидат влијателни и да добијат одреден статус на моќ”, рече Федотов.

Една третина од светската популација има пристап на интернет, а сајбер криминалот се повеќе ја загрижува полицијата.

Годишните приходи поврзани со кражба на интернет се проценува на неколку милијарди долари годишно, според висок претставник во ОН.

Тој нагласува дека околу 20 милијарди долари е износот од тргување со загрозени животински и растителни видови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП