24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПеро Антиќ во НБА

Перо Антиќ во НБА

pero

Перо Антиќ ќе биде првиот Македонец што ќе заигра во најсилната кошаркарска лига во светот НБА.

Неговиот агент Мишо Ражнатовиќ на својот твитер профил објави дека Антиќ ќе потпише двегодишен договор со Атланта Хоукс.

Капитенот на македонската репрезентација веќе бил на пат за Атланта и откако ќе ги мине комплетните лекарски прегледи, ќе стави потпис на договорот.

Антиќ во 2003 година беше пријавен на НБА-драфтот, но се откажа пред неговото одржување, а во 2004 доби статус на слободен агент и може да потпише со кој било тим од НБА лигата.

Перо Антиќ кариера ја почна во Работнички, по што се пресели во АЕК, па во Црвена звезда, Лукоил, Локомотив Кубан, Спартак Петерсбург, а во последниве две сезони беше дел од Олимпијакос со кој два пати ја освои Евролигата.

По завршувањето на формалностите во САД, се очекува Антиќ да се врати и да и се приклучи на репрезентацијата на Македонија, која се подготвува за претстојното Европско првенство во Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП