20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИгуаин и Реина ќе го засилат Наполи

Игуаин и Реина ќе го засилат Наполи

Gonzalo-Higuain-2013_201372312519

Напаѓачот на Реал Мадрид, Гонзало Игуаин се согласи да премине во Наполи. Доцна синоќа аргентинецот ги договорил своите лични услови со претставниците на клубот од „Сан Паоло“, што беше и единствената пречка за финализирање на трансферот.

Игуаин ќе потпише 5-годишен договор, а неговата плата ќе биде 4.5 милиони евра по сезона. Во првите две години од договорот напаѓачот ќе добива 50 проценти од приходите од рекламниот договор со „Nike“, a другата половина ќе биде за клубот. По овие две години „имиџ“ правата на Игуаин може да станат во целост сопственост на Наполи.

Италијанците беа подготвени да му платат на „Пипита“ и 6 милиони евра годишна плата, но само во случај да ги добиваат сите приходи од неговиот договор со „Nike“.

Наполи и Реал веќе се договорија за трансферната сума. „Кралевите“ ќе добијат 37 милиони и уште 3 милиони во форма на бонуси.

Аргентинецот е трет фудбалер на Реал, кој ќе премине во Наполи откако претходно во италијанскиот клуб пристигнаа, Раул Албиол и Хозе Калјехон.

reina-napoli

Во редовите на вице-шампионот на Италија ќе пристигне и голманот на Ливерпул, Хозе Реина. Тој ќе настапи во Наполи како позајмен играч за една сезона. Реина ги договорил личните услови и останува единствено да ги помине медицинските прегледи. На тој начин Шпанецот повторно ќе има можност да работи со Рафаел Бенитез, кој претходно го доведе на „Енфилд“.

Наполи се откажа од Жулио Цезар, кој е се поблиску до Арсенал, а Морган Де Санктис ќе биде продаден на Рома за 0.5 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП