29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФормула 1 повторно во Австрија од 2014-та

Формула 1 повторно во Австрија од 2014-та

ring

Трката за Големата Награда на Австрија ќе се врати во календарот на Формула 1 веќе следната година, поради тоа што Ред Бул постигнал договор за нејзиното оддржување.

Австриската компанија во кратко соопштение до медиумите објави дека успешно се завршени преговорите за враќање во Ф1 на патеката „Ред Бул Ринг“, која некогаш го носеше името „А1 Ринг“.

„ Сопственикот на Ред Бул, Дитрих Матешиц и првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон постигнаа договор со кој Формула 1 ќе се врати во Австрија следната година“, стои во соопштението до медиумите.

Австрија последен пат беше домаќин на трките од Формула 1 во 2003-та година, а потоа остана без место во календарот поради тоа што пропаднаа плановите за нејзиното реновирање. Сепак кога Ред Бул ја купи патеката, Матешиц долго време размислуваше што да прави со неа, пред комплетно да ја реновира и повторно да ја отвори како „Ред Бул Ринг“ пред две години.

Враќањето на Големата Награда на Австрија ќе мора официјално да биде потврдено од страна на Автомобилската федерација кон крајот на годината. Според соопштението од Ред Бул трката би требало да се вози на 6-ти јули следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП