20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ќе го потпише договорот за Јужен тек

Македонија ќе го потпише договорот за Јужен тек

juzen_tek_g11

Владина делегација, предводена од премиерот Никола Груевски денеска во Москва ќе го потпише договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек – кракот за испорака на гас во Република Македонија.

Договорот во име на Владата на Република Македонија ќе го потпише вицепремиемиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, вклучувањето на Македонија во проектот „Јужен тек“ е од стратешко значење за Република Македонија кое ќе обезбеди вклучување на Македонија во меѓународните транспортни коридори и стабилен извор на гас за идните генерации.

– Ова е исклучителен значаен проект за нас затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини на гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла, изјави викендов премиерот Никола Груевски.

Тој подвлече дека и за внатрешната инфраструктура има зацртано план за тоа како да се реализира и, истакна дека се планира брз почеток, но зависи од тоа дали ќе има доволни количини нгас.

– Сега со склучување на договорот за Јужен тек, сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец, појасни Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање од каде ќе дојде кракот од Србија или од Бугарија, премиерот Груевски посочи дека тоа ќе биде одлука на Руската Федерација односно на „Газпром“.

Гасоводот „Јужен тек“ треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првитеколичини гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасовоот е 63  милијарди метри кубни годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа. Македонија  во јули минатата година влезе во проектот „Јужен тек“. Изградбата на гасоводот почна во декември 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП