20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМекдоналдс го чека тешка година

Мекдоналдс го чека тешка година

mekdonalds

Американски синџир на ресторани Мекдоналдс објави дека профитот во вториот квартал е помал од очекуваниот, предупредувајќи дека компанијата ја чека тешка година.

Најголемиот светски ланец за хамбургери, исто така, рече дека очекува стагнација на продажбата во јули, пренесува агенцијата AP.

Глобалната продажба на “Мекдоналдс” се зголемила во вториот квартал за еден процент во рестораните кои работат најмалку една година.

Продажбата во САД се зголемила за исто толку, а компанијата од Илиноис на домашниот пазар воведе неколку нови производи.

Во трите месеци заклучно со јуни, “Мекдоналдс” заработил 1,4 милијарди долари, односно 1,38 долари по акција, спрема профитот од 1.35 милијарди долари, или 1,32 долари по акција за истиот квартал минатата година.

Аналитичарите очекуваа заработката по акција да изнесува 1,40 долари. Приходите, исто така, се зголемиле на 7.08 милијарди долари, во согласност со очекувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП