29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHP со Центар за извонредност за работа на компјутер во главна меморија

HP со Центар за извонредност за работа на компјутер во главна меморија

File photo of HP Invent logo pictured in front of Hewlett-Packard international offices in Meyrin near Geneva

НР го најави пуштањето во употреба на нов Центар за извонредност (ЦЗИ) за работа на компјутер во главна меморија што им овозможува на претпријатијата да ги искористат трансакциските податоци од реално време за подобрување на деловните процеси и за ублажување на ризиците.

Првично, центарот ќе се фокусира на понуди за платформата SAP HANA® и за  SAP® Business Suite за кој техничка поддршка дава SAP HANA. Преку искористување на виртуелен тим инженери, програмери и други експерти кои имаат оперативно искуство со решенијата на SAP низ повеќе од 60 земји, на 10 јазици и со повеќе од 40.000 корисници, заедно со технологиите  на работа во главна меморија, Центарот за извонредност ќе го забрза преминот на клиентите кон бизнис апликации од следната генерација наменети за работа со нив во главната меморија.

 

Со техничка поддршка од HP Converged Infrastructure, Центарот за извонредност ќе вклучува понуди на:

  • Инженерски лаборатории на НР – изработени во соработка со HP Labs, централното истражувачко тело на компанијата – за создавање нови архитектури и платформи оптимизирани за работа во главната меморија;
  • Услуги за претпријатијата од НР – за да се помогне во подобрувањето на деловните процеси и трансформација на апликациите што ќе биде овозможена од страна на SAP HANA;
  • Управување со серверите на НР, складирањето, мрежното работење и инфраструктурата – за да се потврдат и оптимизираат конфигурациите за SAP HANA и за SAP Business Suite; и
  • Тест за примена и развој – за употреба во деловните простории и распоредување на HP Converged Cloud за подобрување на времето на распоредување и квалитет.

“За да успеат, организациите мора да донесуваат брзи одлуки по прашања за коишто се добро информирани преку извлекување на големи количини необработени податоци од нивните системи и нивно претворање во информации коишто ќе имаат свое значење,” рече Бил Вегте, главен оперативен службеник на НР. “Центарот за извонредност на НР обезбедува детална експертиза и услуги што ќе им помогнат на организациите за вршат висококвалитетна анализа на податоци, разработувајќи истовремено огромен обем на податоци во реално време со цел добивање на брз увид.”

Споредено со традиционалните методи на одделување на складирањето на податоци од елементите за обработка, работењето во главна меморија овозможува побрзо работење со поголеми групи податоци. Како резултат на тоа, клиентите се стекнуваат со способноста за брза анализа на податоците со цел придвижување на иновативноста и намалување на трошоците.

“Бевме сведоци на невиден раст и се поголемо користење на SAP HANA, и оваа динамика продолжува да се зголемува затоа што компаниите согледуваат нови и дополнителни полиња во кои  HANA може да донесе поголеми придобивки за нивните организации,” рече Д-р Вишал Сика, член на Извршниот одбор на SAP, Оддел за технологија и иновација. “Во исто време, големата иновативност околу SAP HANA со која ќе се натераме да го заштитиме нашиот екосистем само што започна. Ние ќе работиме во согласност со нашиот екосистем за започнување на коиновација за создавање прекарани нови системи, производи и технологии коишто ја поедноставуваат ИТ средината. И го правиме ова непрекинато. Преку овој Центар за извонредност, SAP и HP ќе воведат нови производи и технологии, интегрирајќи ги трансакциските и аналитички системи, коишто им овозможуваат на клиентите да ги раководат своите деловни активности во реално време”.

 

За HP

HP создава нови можности за технологијата да има корисно влијание врз луѓето, бизнисите, владите и општеството. Како најголема технолошка компанија во светот, HP соединува портфолио што опфаќа печатење, користење на персонални компјутери, софтвер, сервиси и инфраструктура на информатичка технологија со конвергенцијата на облачето и поврзливоста, создавајќи совршено конзистентни, безбедни искуства земајќи го предвид контекстот за еден поврзан свет. Повеќе информации за HP (NYSE: HPQ) може да се добијат на следнава интернет страница http://www.hp.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП