28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Москва ќе се потпише договорот за Јужен тек

Во Москва ќе се потпише договорот за Јужен тек

juzen_tek_g11

Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски по покана од Руската Федерација, денеска ќе замине за Москва, каде утре треба да го потпише договорот за „Јужен тек“.

– Ова е исклучителен значаен проект за нас затоа што со Јужен тек практично на долг рок се гарантира енергетската стабилност на Република Македонија, се обезбедуваат нови количини на гас, што ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за пренос на гас во Македонија да добие една поголема смисла, изјави премиерот Никола Груевски.

Тој подвлече дека и за внатрешната инфраструктура има зацртано план за тоа како да се реализира и, истакна дека се планира брз почеток, но зависи од тоа дали ќе има доволни количини нгас.

– Сега со склучување на договорот за Јужен тек, сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла во вистински правец, појасни Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање од каде ќе дојде кракот од Србија или од Бугарија, премиерот Груевски посочи дека тоа ќе биде одлука на Руската Федерација односно на „Газпром“.

Гасоводот „Јужен тек“ треба да заврши до 2015 година, кога ќе протечат првитеколичини гас кон Централна и Јужна Европа. Капацитетот на гасовоот е 63  милијарди метри кубни годишно или 14 проценти од вкупните потреби на Европа. Македонија  во јули минатата година влезе во проектот „Јужен тек“. Изградбата на гасоводот почна во декември 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП