25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКлаус Шваб: Не е завршена кризата во глобалната економија

Клаус Шваб: Не е завршена кризата во глобалната економија

klaus2

И покрај растот на довербата во глобалната економија, основачот на Светскиот економски форум (WEF), Клаус Шваб, оценува дека и понатаму постојат знаци на опасност кои и се закануваат на глобалната економија.

Тој пред почетокот на овогодинешниот собир на економските и политичките лидери во Давос, кој почнува утре, истакна дека се неопходни „внимателен реализам“ и враќање на довербата на јавноста за да се избегне нова голема финансиска криза.

Шваб нагласи дека „на светската економија и понатаму и се заканува колапс доколку дојде до негативен развој на настаните“.

Берзите од почетокот на годината бележат раст на акциите, а европската монетарна унија веќе не е во непосредна опасност од колапс. Меѓутоа, стапката на невработеноста во многу развиени земји и понатаму е висока, а довербата на граѓаните во бизнисмените и во државните лидери е се помала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП