20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриходите од туризмот во Грција зголемени за 15,4 отсто во првите шест...

Приходите од туризмот во Грција зголемени за 15,4 отсто во првите шест месеци

naxos-greece

Приходите од туризмот во Грција се зголемиле за 15,4 отсто во првите шест месеци од оваа година во споредба со истиот период во 2012 година, покажуваат податоците на грчката Централна банка.

Во првите шест месеци од годината директните инвестиции во Грција изнесуваат 1,1 милијарда евра, додека во тој период минатата година изнесувале 224 милиони евра.

Трговскиот дефицит на Грција забележал значително намалување за 2,2 милијарди евра. Извозот се зголеми за 4,3 отсто, а увозот за 3,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП