24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРобињо останува на Сан Сиро

Робињо останува на Сан Сиро

Football+News-+Robinho+of+AC+Milan

Бразилскиот интернационалец, Робињо го продолжи договорот со екипата на Милан на уште две години, па така тој на „Сан Сиро“ ќе остане до 2016-та година.

29-годишниот напаѓач имаше желба да се врати во Сантос клубот во кој ја почна својата кариера, но бразилскиот гигант неможеше да ги исполни финансиските услови кои ги бараа „росонерите“.

Покрај осумкратниот првак на Бразил и седумкратниот шампион на Европа, Робињо во својата кариера настапуваше и за Реал Мадрид и Манчестер Сити. Тој за репрезентацијата на Бразил одигра 90 средби и постигна 26 голови.

Во центарот на фудбалската јавност се најде пред десетина години кога во дресот на Сантос покажуваше неверојатни фудбалски можности, нешто слично како Нејмар денеска.

Како и помладиот колега и Робињо кариерата ја продолжи во Шпанија, но во „кралскиот клуб“. По три сезони за големи пари се пресели во плавата страна на Манчестер, но никогаш не го покажа во целост својот потенцијал.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП