18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШест дена штрајкуваат вработените од атинското метро

Шест дена штрајкуваат вработените од атинското метро

athensmetro

Шести ден трае штрајкот на вработените во атинското метро кои не ја почитуваат одлуката на раководството и судот да се вратат на своите работни места.

Синдикатот на вработените од метрото во Атина протестираат против планираното намалување на награди на плата. Судот вчера им нареди да се вратат на работа и наведе дека штрајкот е незаконски.

Вработените во јавниот транспорт – автобуси, тролејбуси и трамваи исто така планираат прекин на работата што предизвикува проблеми во грчкиот главен град, јавуваат атински медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП