19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИрска ги исполни условите на кредиторите

Ирска ги исполни условите на кредиторите

irska2

Ирска ги исполни условите договорени во замена за добивање на меѓународниот пакет помош и успешно помина со последната проценка за напредокот во спроведувањето на реформите, пренесува агенцијата Франс прес.

Ирска, која на крајот на 2010 доби помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, би требало на крајот на оваа година да стане првата членка на еврозоната која ќе излезе од спасувачкиот пакет.

Ирската економија, која тешко беше погодена со „пукањето“ на секторот за недвижнини во 2008 година, беше принудена да побара помош од меѓународните кредитори, согласувајќи се со острите мерки за штедење во замена за добивање на помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП