29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ сака сама да го контролира буџетот

ЕУ сака сама да го контролира буџетот

eeuu1

Европската унија сака да има „свој“ јавен обвинител кој ќе се занимава исклучиво со случаите на проневера на пари од европскиот буџет, пренесува Дојче Веле.

Од 130 милијарди евра заеднички средства, секоја година „исчезнуваат“ околу половина милијарда, што покажува дека и самата ЕУ е загрозена од корупција, измама и криминал.

Така, само во случајот за обнова и изградба на автопати во Калабрија во 2011 година на фиктивни договори беа потрошени 388 милиони евра кои беа издвоени од европските средства за помош. Најчести примероци на злоупотреба на пари од буџетот на ЕУ главно се однесуваат на финансирањето на замјоделски и регионални развојни проекти.

Европската комисија се залага за „нулта толеранција за злоупотреба на заедничкиот европски буџет“. Во тој контекст е и предлогот за формирање на Канцеларија за Европско Јавно обвинителство.

„Јавните финансии се под притисок низ Европа и секое евро е важно“, порача потпретседателката на Европската комисија, комесарката за правда, фундаменталните права и државјанството Вивиен Рединг.

„Земјите членки годишно пријавуваат проневера во износ од околу 500 милиони евра, а реалната сума е значително поголема. Жртва е европскиот буџет и европските даночни обврзници. Во прашање е федералниот буџет и доколку ние не го одбраниме тоа никој нема да го стори наместо нас“, изјави таа.

Новото тело, Канцеларијата на Европскиот Јавен обвинител, би требало првенствено да го заштити европскиот буџет и да ги обедини различните национални правни процедури во ЕУ.

Со неговото формирање ќе биде надминат и основниот проблем во истрагата против прекуграничниот криминал, бидејќи јурисдикцијата на Канцеларијата ќе ги опфаќа речиси сите членки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП