24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМорати се реши, Интер ќе има нов сопственик!

Морати се реши, Интер ќе има нов сопственик!

morati

Италијанскиот гигант Интер многу наскоро ќе има нов сопственик. Ова го пишува во денешното издание на „Газета дело Спорт“.

Спортскиот весник тврди дека сопственикот на „нероазурите“ Масимо Морати конечно се согласи да му продаде 75 проценти од клубот на индонезискиот бизнисмен Ерик Тохир кој веќе неколку месеци се обидува да ги преземе „црно-сините“. Пред некое време милијардерот од Азија купи значителен пакет од акциите на Интер, по што започна офанзива за првеземање на 18-кратниот шампион.

Морати одлучил дека пакетот би требало да биде во висина од околу 300 милиони евра за 75-те проценти. Сегашниот сопственик ќе задржи 15 проценти од клубот и ќе остане главна фигура во гигантот од Милано и со тоа ќе продолжи да донесува важните одлуки. Договорот се прави претежно за на глобално ниво, а најчесто за на азискиот пазар каде се очекува да биде популаризиран клубот од каде се очекува зголемување на приходите од продажбата на предмети и маици.

Erick-Thohir

Масимо Морати го купи Интер во февруари 1995-та година, а пред тоа во периодот 1955-1968 неговиот татко Анџело беше сопственик на „нероазурите“. Имено, под водство на човек со презиме Морати се постигнати трите најголеми успеси – освојувањето на КЕШ / ЛШ – 1964, 1965 и 2010. Со Масимо тимот уште пет пати по ред дојде до Скудетото од 2006 до 2010, четири пати го освои Купот на Италија, четири пати Суперкупот на Италија, Купот на УЕФА (1998) и Светското клубско првенство во 2010-та година. Токму тој се води за најуспешниот претседател во историјата на 104 годишниот клуб од Милано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП