25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален суфицитот во тековните сметки на еврозоната

Намален суфицитот во тековните сметки на еврозоната

ecb3

Суфицитот во тековните сметки на еврозоната е намален во мај на 19,6 милијарди евра во однос на 23,4 милијарди од претходниот месец, покажаа податоците од Европската централна банка (ЕЦБ).

Во последните 12 месеци заклучно со мај, евидентиран е суфицит во тековните сметки од 189,5 милијарди евра, во однос на суфицитот од 53,3 милијарди од претходната година, наведува ЕЦБ, пренесува агенцијата Франс прес.

Тековната сметка на платниот биланс, кој вклучува увоз и извоз на стока и услуги, плус сите останати тековни трансфери, е будно следен индикатор за способноста на некои земји или области да вршат плаќања во светот и клучен е за долгорочната доверба на инвеститорите и трговските партнери, пренесува Франс прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП