20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХулк за 60 милиони ќе стане кнез!

Хулк за 60 милиони ќе стане кнез!

hulk

Според инфорамциите кои пристигнуваат од Франција, Бразилскиот напаѓач Хулк е најновото засилување на амбициозниот Монако, кој во кнежевство се сели во трансфер вреден 60 милиони евра.

Хулк минатото лето од Порто се пресели во редовите на руски Зенит, но тој во екипата од Санкт Петербург не се снајде најдобро, па подолго време беше незадоволен и бараше да биде продаден.

Монако кој е во сопственост на рускиот милијардер Риболовљев со ангажманот на Хулк успеа да направи стравичен напаѓачки тандем, кој заедно со Фалкао ќе претставуваат сериозна опасност за противничките голмани во Лига 1.

Инаку за потсетување Монако, кој сезонава се враќа во елитното француско фудбалско друштво, имаа амбиции да се замеша во битката за тронот и оттаму да го симне ПСЖ, па поради тоа и досега беа потрошени стотици милиони евра за доведување на десетина звучни имиња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП