19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенербахче ќе игра во ЛШ

Фенербахче ќе игра во ЛШ

fenerbahce_uefa_champions_league_by_blancvier-d57xk1c

Дисциплинската комисија на УЕФА во јуни ги казни екипите Фенербахче со двегодишна и Бешикташ со едногодишна забрана за настап во сите европски натпреварувања, поради учествувањето во местење на натпревари во сезоната 2010/2011.

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче соопшти дека Судот за спортска арбитража во Лозано ја суспендирал забраната изречена од страна на УЕФА.

Претседателот на најпопуларниот клуб на Босфорот, Азиз Јилдирим вели дека оваа сезона со одлуката на Судот ќе може да настапуваат во квалификациите за Лигата на шампионите.

„Дојде до многу позитивен развој на настаните и мораме тоа да го споделиме со навивачите. Сакам да им се заблагодарам на сите кои не поддржуваа во претходните две години. Фенербахче оваа сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Голема благодарност до нашиот адвокатски тим“, изјавил Јилдирим за клупската телевизија.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП