29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНе дозволувајте да знаат каде сте: Апликација која ги брише вашите податоци...

Не дозволувајте да знаат каде сте: Апликација која ги брише вашите податоци од интернет

delete

Компаниите собираат и продаваат информации за секој ваш потег на интернет.

Што пребарувате, што сте прочитале, што купувате, сето тоа е под буден надзор. За таа цел, „Eбајн“ компанијата развила апликација „Delete Me“ (Избриши ме).

Алатката на „Ebajn“ им помага на корисниците сите лични информации брзо и ефикасно да ги отстранат од интернет, дури и од некои негови најскриени катчиња.

„Delete Me“ е средство со кое ќе ги натерате интеренет брокерите да ги избришат сите ваши податоци од базата. Сервисот функционира на начин каде што овластените службени лица од „Eбајн“, на ваше лично барање ги контактираат брокерите и од нив бараат да се избришат вашите податоци, објаснува аналитичарот од „Eбајн“, Сара Дауни.

Таа додава дека овој сервис е доста корисен, бидејќи со таквата интервенција не постои опасност избришаните податоци по некое време повторно да се вратат на интернет, како што често се случувало.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП