28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаркињос се сели во ПСЖ за 35 милиони

Маркињос се сели во ПСЖ за 35 милиони

Marquinhos_2940953

ПСЖ продолжи да се засилува со фудбалери од италијанските клубови. По доаѓањето на Едисон Кавани од Наполи, „светците“ вчера се договорија со раководството на Рома за трансферот на Бразилецот, Маркињос.

Тој уште од претходно ја имаше договорено соработката со шампионот на Франција, а вчера менаџерот на ПСЖ Антонио Калиендо и достави понуда на „волчицата“ која неможеа да ја одбијат.

Рома за својот фудбалер ќе добие 35 милиони евра од кои три низ бонуси. Италијанците ќе заработат големи пари со оглед дека за Маркињос платија „само“ три милиони евра. Тој во Рим прво дојде на позајмица од Коринтијас, а подоцна го откупија неговиот договор, поради тоа што во него имало клаузула дека ќе можат да го откупат за три милиони, ако одигра повеќе од осум полувремиња во Серија А.

Исто така и Коринтијас ќе добие 10 проценти од овој трансфер.

Талентираниот Бразилец кој има само 19 години минатата сезона одигра 26 средби за Рома. По доаѓањето во „вечниот град“ бргу се докажа на теренот и го зазема местото на искусниот Николас Бурдисо во првата постава.

Покрај тимот од Париз за него беше заинтересирана Барселона, како и Манчестер Јунајтед, сепак ПСЖ уште еднаш ја покажа својата платежна моќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП