29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПроизведен 3-милионитиот Ауди А3

Произведен 3-милионитиот Ауди А3

3-milioniti-a3-1

Ауди прослави еден значаен настан. Имено компанијата од Инголштад го произведе 3 милионитиот примерок од А3 премиум компактниот автомобил.

За остварување на овој импресивен резултат беа потребни 17 години производство и три генерации. Јубилејнитот модел е „A3 Sportback“ со 2.0-литарски TDI агрегат и „quattro“ погон на сите четири тркала.

Во чест на самиот настан 3-милионитиот примерок е изложен пред седиштетот на компанијата во Инголштад, заедно со моделот од 1996-та и примерокот од 2004-та година.

„Три милиони автомобили во сегментот на компактни модели е импресивен резултат. Зад овој предизвик стои моќен тим и ефикасен систем на производство. А3 воведе нов сегмент, а во текот на овие 17 години со иновативната технологија и квалитет ги постави стандардите во својот сегмент“, вели Франк Древес, член на управниот одбор.

„Уште од средината на 90-тите години, A3 е еден од најважните наши модели кој дава значителен допринос во одржливиот развој и работењето на компанијата. Пожртвуваноста и посветноста на нашите работници се главната причина за оваа успешна приказна“, додаде Питер Мош, претседателот на Ауди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП