19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Бензинот ја поттикна инфлацијата

САД: Бензинот ја поттикна инфлацијата

benzin1

Потрошувачките цени во САД во јуни се зголемија повеќе од очекуваното, поради големото поскапување на цената на бензинот, покажуваат објавените податоци на владата.

Во соопштението на американското Министерство за труд се наведува дека индексот на потрошувачките цени „IPC“ во јуни се зголемил за 0,5 проценти во однос на растот во мај од 0,1 проценти, додека основната инфлација (со исклучок на цената на енергенсите и храната) пораснала за 0,2 проценти, односно со истото темпо како и во мај, пренесува агенцијата Франс Прес.

На годишно ниво, потрошувачките цени во јуни се зголемиле за 1,8 проценти, што е повеќе во споредба со растот во мај од 1,4 проценти, додека основната инфлација се зголемила за 1,6 проценти на годишно ниво, додаваат во соопштението на Министерството.

Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата и понатака е под зацртаната цел на ФЕД од два проценти.

Зголемувањето на цената на бензинот во јуни од 6,3 проценти сочинува околу две третини од растот на инфлацијата, цената на електричната енергија е зголемена за 3,4 проценти, а цената на храната за 0,2 проценти, по падот во мај од 0,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП