29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСправување со насилството и национализмот во спортот

Справување со насилството и национализмот во спортот

DSC_0977

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, вчера, на 16 јули 2013 година организираше тркалезна маса на тема „Како против национализмот и насилството во спортот“.

Тркалезната маса се одржа во просториите на ФФМ, а на средбата во „Куќата на фудбалот“ учествуваа претставниците на Мисијата на ОБСЕ (Виачеслав Воробиев – началник на Одделот за јавна сигурност и поддршка на зедниците, Пјер Олдони – шеф на мониторинг и Мауро Калво – службеник за демократско владеење), генералните секретари на кошаркарската, ракометната и одбојкарската федерација на Македонија (Дејан Лекиќ, Филип Милошевски и Зоран Карановиќ), државни советници, секретари и раководители (Нуман Лимани – Министерство за правда, Елизабета Тодоровска – Министерство за образование и наука, Никола Прокопенко – Министерство за правда, Татјана Блажевска – Агенција за млади и спорт) како и други претставници на институциите кои се заинитересирани да земат учество во справувањето со оваа проблематика, и секако домаќините Илчо Ѓорѓиоски, Претседател на ФФМ и Димитар Зисовски, Генерален секретар на ФФМ.

Зисовски на почеток ги потенцираше активностите кои ФФМ ги презеде во борбата против национализмот и насилството на фудбалските терени. Преку презентирањето на кампањата „100% фудбал“, уште еднаш укажа на потребата за координација на институциите и сите спортски федерации за согласност и единствен став кон решавање на проблемите врзани со насилството и национализмот во сферата на спортот.

DSC_0975

„Она со кое ние се соочуваме на фудбалските терени, е честопати проблем и во другите спортови. Од заеднички интерес на сите федерации, конечно и за општеството воопшто, е да дејствуваме здружено и со донесување на засилени мерки и казни кои ќе се применуваат насекаде подеднакво, да се обидеме да го искорениме едно од поголемите зла кои можат да му наштетат на секој спорт – насилното и националистичкото однесување на спортските терени“ – додаде Генералниот секретар на ФФМ, Димитар Зисовски.

За напорите кои досега ги вложуваше ФФМ во справувањето со овој проблем, зборуваше и Претседателот Ѓорѓиоски, напоменувајќи дека Федерацијата често остварува средби на оваа тема со клубовите, навивачите и институциите кои се дел од оваа проблематика, вклучувајќи ја и одличната соработка со Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи како и со Агенцијата за млади и спорт. Но, очигледна е потребата од поддршка и на останатите инволвирани во оваа проблематика, вклучувајќи ги тука сите спортски работници, љубители на спортот генерално, но и на медиумите, како и организациите кои би можеле да дадат свој придонес при решавањето на одредени проблеми со кои се соочуваме во спортот. Во таа насока зборуваше и Генераланиот секретар на Кошаркарската федерација на Македонија, Дејан Лекиќ кој ги идентификуваше недостатоците и клучните потешкотии со кои се среќаваат во рамките на нивните натпреварувања.

По излагањето на сите учесници во тркалезната маса, беа донесени заклучоци за интензивирање на средбите и состаноците во рамките на Националното координативно тело кое веќе работи на оваа проблематика; да се организираат повеќе Јавни дебати, што повеќе средби од отворен тип и позасилена соработка со медиумите како би можеле да ја споделат пораката до јавноста, најмногу до оние до кои е наменета кампањата за спречување на насилството и национализмот во спортот.

DSC_0976

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП