19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој трети Французин е во минус

Секој трети Французин е во минус

francijapeople1

Речиси една третина од Французите е во недозволен минус на тековната банкарска сметка најмалку еднаш месечно, покажа истражувањето на Panorabanques.com.

Околу 28 проценти од Французите го надминуваат дозволениот лимит на банкарската сметка најмалку еднаш месечно за да ги помират секојдневните животни трошоци.

Зад ваквата практика обично стојат граѓаните со најскромните приходи.

Како што покажа истражувањето, секој трети Французин со нето месечни приходи помали од 1.500 евра е принуден да биде во недозволен минус, а со приходи поголеми од 3.000 евра месечно, секој осми жител на Франција.

Надминувањето на дозволениот минус на годишно ниво ги чини граѓаните меѓу 180 и 240 евра.

Каматите на недозволените минуси се променливи зависно од банката.

Новиот банкарски закон, кој треба да биде изгласан во францускиот парламент, предвидува намалување на прилично високите банкарски камати за надминување на дозволениот минус, кои треба да бидат ограничени во опсег од осум до 80 евра месечно, а за најсиромашните граѓани од четири до 20 евра за сметка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП