18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕклстоун обвинет за мито од 45 милиони евра!

Еклстоун обвинет за мито од 45 милиони евра!

eklston

Обвинителството во Минхен покрена обвинение против шефот на Формула 1, Берни Еклстоун за давање на поткуп околу продажбата на светскиот шампионат пред осум години, објави портпаролот на локалниот суд.

Еклстоун е обвинет за давање на поткуп на банкарот Герхард Грибковски, кој им помага за продажба на 48 проценти од Формула 1 меѓу банката „BayernLB“ и сегашниот сопственик „CVC Capital Partners“.

Поранешниот вработен во финансиската институција доби казна од 8.5 години затвор по признавањето за добиените 45 милиони евра мито од Еклстоун на рати во текот на 2006-та и 2007-та година, а неговата улога како посредник во трансакцијата била да ја намали продажната цена, со што ја оштетил „BayernLB“.

Во текот на судењето Еклстоун ги отфрли обвиненијата против него и сведочи дека бил уценуван од Грибковски. Англискиот милијардер изјави дека ќе соработува со обвинителството во Германија во обид да избегне судско гонење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП