25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврокомисија предлага европски јавен обвинител за борбата против даночни измами

Еврокомисија предлага европски јавен обвинител за борбата против даночни измами

baroso12

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо и еврокомесарот за правда Вивиен Рединг денеска во Брисел го презентираа предлогот за воведување на функцијата европски јавен обвинител и за зајакнување на Европското биро за борба против измами (ОЛАФ), со цел да се засили борбата против даночните измами.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, цел на овој предлог на Еврокомисијата е подобрување на системот на гонење на криминалците кои ги измамиле даночните обврзници во Европската унија, преку воспоставување на канцеларија на европски јавен обвинител.

– Оваа иницијатива ја потврдува посветеноста на Комисијата и заложбата за почитување на владеењето на правото, со решително зајакнување на заштитата на парите на даночните обврзници и ефективно справување со измамите кои ќе ги вклучуваат фондовите на Европската унија. Со овој предлог, Еврокомисијата ги исполнува своите ветувања за нулта толеранција кон измамите во однос на буџетот на Унијата, потенцира Баросо.

Според Рединг, пак, ако Еврокомисијата сама не го заштити федералниот буџет, тоа нема да го направи никој друг за Унијата, па затоа го повика Европскиот парламент и земјите-членки на Унијата да застанат зад овој проект, со цел јавниот обвинител на ЕУ да почне да функционира од 1 јануари 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП