18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗгаснува моделот Altima Coupe на Nissan

Згаснува моделот Altima Coupe на Nissan

altima

Раководството на „Nissan“ според некои извештаи одлучило да го повлече моделот „Altima Coupe“ од својата производна линија што е логичен чекор откако овој производител одлучи верзијата за 2013-та година воопшто да не ја унапреди во однос на таа што се продаваше една година претходно.

Првите луѓе очигледно биле многу нерасположени да говорат за вистинските причини за својата одлука, но се претпоставува дека лошата продажба и незаинтересираноста на купувачите за овој модел биле одлучувачки фактор за да се инвестира во нов модел.

Овој автомобил за прв пат се најде на пазарот во 2007-та година, но во својот животен век неуспеа да ги исполни очекувањата кога станува збор за продажбата.

Одлуката моделот „Altima“ во целост да се повлече од понудата ќе и овозможи на компанијата да задржи два модели од ниската продажба, асиметричниот „Cube“ и интересниот „Murano CrossCabrio“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП