20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на странски инвестиции во Кина

Зголемен бројот на странски инвестиции во Кина

kina4

Странските директни инвестиции (СДИ) во Кина во првата половина од 2013 година се зголемени за 4,9 проценти на годишно ниво, и покрај бавниот раст на втората по големина светска економија.

Притоа, темпото на раст на овие инвестиции во јуни од 20 проценти, е најбрзо од март 2011 година, што покажува дека инвеститорите имаат доверба во другите економии во светот, соопшти Министерството за трговија на Кина.

СДИ, не сметајќи го финансискиот сектор, се зголемени на 62 милијарди долари во текот на овие шест месеци заклучно со јуни, а само тој месец пораснале за 14,4 милијарди долари на годишно ниво.

Инвестициите од Јапонија пораснале за 14,4 проценти, на 4,7 милијарди долари, од ЕУ за 14,7 проценти на 4 милијарди, а од САД за 12,3 проценти на 1,8 милијарди долари.

Најголемиот дел од инвестициите во Кина доаѓаат од група на десет азиски земји и регионот, вклучувајќи ги и Хонг Конг, Тајван, Јапонија и Сингапур. Инвестициите од тие економии пораснале за 5,3 проценти на 53,8 милијарди евра.

Кинеската економија минатата година напредуваше со темпо од 7,8 проценти, кое е најслабо во последните 13 години. Растот на БДП во првите шест месеци од оваа година изнесувал 7,6 проценти, а економската активност во тој период била воглавно стабилна, наведува кинескиот Завод за статистика.

Директните странски инвестиции се важен фактор во кинеската економија, но се мал дел од вкупниот промет во земјата во споредба со извозот, чиј баланс во 2012 година изнесувал околу 2 трилиони долари.

Инвестициите на Кина во странство истовремено скокнале за 29 проценти на 45,6 милијарди долари, а најмногу пораснале вложувањата на клучните пазари во САД и Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП