25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК предлага ограничување на надоместоците за трансакциите со кредитни картички

ЕК предлага ограничување на надоместоците за трансакциите со кредитни картички

creditni1

Европската комисија (ЕК) ја разгледува можноста за намалување на високите надоместоци на трансакциите на дебитните и кредитните картички кои претставуваат завиден приход на компаниите за картички, како „Visa“ и „MasterCard“, пишува весникот Фајненшл Тајмс.

Со планот не се предвидува целосно укинување на надоместоците, за што претходно се размислуваше, но сепак тој ќе и зададе удар на индустријата за картички, пишува весникот.

ЕК ги разгледува начините како да се намалат овие трошоци откако во 2007 година оцени дека надоместоците за картички издадени во Европа ги прекршуваат правилата за конкурентност и ги зголемуваат трошоците на купувачите и трговците.

Најновиот план предвидува ограничување на надоместоците на 0,2 проценти од вредноста од трансакциите остварени со сите дебитни и кредитни картички. Оваа мерка во целост би се применувала по двегодишен преоден период во кој ограничувањето би важело само за прекугранични трансакции.

„MasterCard“ и „Visa Europe“ веќе ги ограничија надоместоците на 0,2 проценти од вредноста на трансакцијата за дебитни и 0,3 проценти за кредитни картички, во рамки на договорот со регулаторните власти за сузбивање на картели. Според проценките на ЕК, предвиденото ограничување ќе го намали вкупниот износ на надоместоци за дебитни картички во ЕУ од 4,8 милијарди евра на 2,5 милијарди евра. Надоместоците за кредитни картички ќе паднат на 3,5 милијарди евра од 5,7  кога ограничувањето ќе стапи на сила, пишува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП