29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи мора да одвои 80 милиони доколку го сака Руни

Челзи мора да одвои 80 милиони доколку го сака Руни

rooney_2971857

Англискиот фудбалски клуб Челзи ќе мора да плати 80 милиони фунти доколку сака да го доведе во своите редови напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни.

Според медиумите во Англија, „сините“ за репрезентативецот на „Гордиот Албион“ ќе мораат да издвојат 80 милиони финти кои се предвидени за петгодишниот договор според кој напаѓачот би добивал 200.000 неделно, како и 28 милиони фунти за трансферот.

Останува да се види дали оваа математика ќе му се исплати на раководството на Челзи и дали напаѓачот на „црвените ѓаволи“ од следната сезона ќе ги смени клупските бои.

Инаку за потсетување Руни изјави дека е „лут и збунет“ поради изјавата на тренерот на Јунајтед, Дејвид Мојс и дека чуствува дека е „изигран“.

Стратегот на „ѓаволите“ претходно изјави дека Руни не е на продажба и дека сака со него да има повеќе опции во нападот во случај ако некој од напаѓачите се повреди, пред се Робин ван Перси.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП