29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодината кога светот беше најбогат

Годината кога светот беше најбогат

svetskaekonomija1

Без оглед на технолошкиот развој, нашата планета полека но сигурно назадува во рамките на критериумите за благосостојба веќе 35 години.

Имено, научниците од Австралискиот универзитет во Канбера истражуваа која година во светот била врвот за светското богатство и заклучиле дека тоа е 1978 година.

Таа година САД беа преводени од Џими Картер, Советскиот Сојуз од Леонид Брежњев, а Југославија од Тито.

Ова исто така беше година во која е родено првото дете од епрувета, кога Католичката црква за прв пат од 16-тиот век доби папа кој не беше Италијанец и кога „Sony“ во продажба го пушти првиот вокмен…

Бидејќи во истиот период главно стабилно растел БДП по глава на жител, научниците заклучиле дека индикаторот за монетарна благосостојба се зголемува независно од социјалните и еколошките катастрофи.

Други научници го оспоруваат ова тврдење, сметајќи дека меѓусебниот однос на економијата, природата и социјалниот развој е исклучително сложен и дека точни бројки во врска со оваа состојба не се можни.

Истражувачите Ида Кубицевски и Роберт Костанца започнаа од идејата владите да формираат економска политика околу критериумите како што е домашниот бруто производ (БДП), но тој да покажува само еден дел од општата состојба.

Тие приметиле дека БДП може да се зголемува и од… на пример: последиците од еколошките катастрофи или криминалот, бидејќи за решавањето на овие проблеми се трошат пари. Така на пример, БДП драстично се зголемил по Втората светска војна.

Затоа многумина аналитичари ја користат единицата „GPI“Genuine Progress Indicator – Индикатор за вистинскиот напредок.

„GPI„ зема во предвид 26 фактори поврзани за општеството и животната средина, меѓу кои се и загадувањето, социјалната нееднаквост, криминалот, волонтерската работа и сл.

Кубицевски и Костанца анализирале само 17 држави, но држави кои сочинувале половина од светската популација и БДП.

Анализирајќи ги податоците до кои дошле од 17 земји од 1950-тата до 2003-тата година, утврдиле дека најубаво се живеело во 1978-та година, а потоа следел бавен, но незапирлив пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП