28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД: Невработеноста во Грција ќе достигне над 28 проценти

ОЕЦД: Невработеноста во Грција ќе достигне над 28 проценти

greek-unemployment-line

Невработеноста во Грција ќе достигне над 28 проценти и покрај строгите економски мерки и неолибералните реформи, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

ОЕЦД прогнозира дека невработеноста во Грција до крајот на 2014 година ќе се зголеми од 26,8 отсто на 28,2 проценти.

Тоа ќе биде најголемиот раст на невработеноста, со кој Грција ќе дојде на првото место, кое во моментов го зазема Шпанија, додава ОЕЦД.

Се очекува невработеноста меѓу младите во Грција да надмине 60 проценти, а таа исто така ќе биде највисока стапка меѓу земјите од ОЕЦД – во Шпанија таа изнесува 55 отсто, а во Италија и Португалија по 40 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП