23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari 458 Italia со моќност од +800 ks

Ferrari 458 Italia со моќност од +800 ks

ferrari-458-spider-b-14_600x0w

Американските тјунери од компанијата „Hennessey“ скоро секој месец претставуваат тјунирани примероци на „Lamborghini“, а најмногу од моделот „Gallardo“.

Денес сме сведоци на нешто различно. Тјунерите подготвија моќен пакет за најубавото „Ferrari 458 Italia“. Тој пакет одговара директно и на отворената „Spider“ верзија. „Ferrari“ со две турбини секогаш е нешто што треба да се види.

Од „Hennessey“ подготви комплетен кит за сопствениците на суперавтомобилот кои се веќе навикнати на него и веќе им е бавен. Па моќноста од 570 КС на стандардниот атмосферски 4.5-литарски, високообртен V8 мотор останува во историјата.

По поставувањето на два големи турбополначи, издувни колектори, два интеркулери и сите турбо патишта, репрограмирана електроника и систем за гориво со поголем проток, моќноста на ова возило ја поминува границата од 800 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП