29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГрешки при брендирање на вашата компанија

Грешки при брендирање на вашата компанија

brendi1

Алатките кои ги користите при промовирање на вашата фирма се многубројни. Производот и услугата претставуваат бренд – лого. Вашиот вебсајт е начинот на кој им пристапувате на клиентите.
Во модерното време брендот е највредната работа која може да ја има вашата фирма, а брендирањето е најважната дисциплина за развивање на производите и услугите.
Брендот мора секојдневно да го развивате, унапредувате и да бидете сигурни дека не сте сториле ништо за да го оштетите. Ова се најчестите грешки кои фирмите ги прават.

Брендирајте цена услуга и квалитет
Во нашиов регион, посебно на Балканот трговците кои имаат обични продавници го базираат својот маркетинг на ниска цена. Точно е дека во ова време, на економски турбуленции, цената е најважниот елемент од маркетинг миксот, но тоа не е единствениот начин на делување. Ако тоа ви е единствента алатка, клиентите ќе го купат вашиот производ и кога ќе наидат на поефтин производ, вас ќе ве заборават.
Клучот е во создавање на бренд. Брендот се создава, бидете препознатливи и нудете услуги и производи кои ќе бидат единствени на пазарот.

Одржете го ветувањето
Ако во вашите реклами и огласи објавите одредена услуга или компетитивна предност, потрудете се да ја примените. Не ги изневерувајте вашите клиенти.

Пречесто ја менувате бренд кампањата
Вашиот план мора да биде јасен и козистентен. Честото менување на плановите ќе ги донесе во конфузија вашите купувачи.
Компаниите во индустријата ги ребрендираат своите производи секој 5-6 години, фармацевтските компании секој 8-9 години, додека ИТ компании на 2-3 години, но тоа зависи од  пазарот, глобалните трендови, глобализацијата и други фактори.

Идентични како конкуренцијата
Со идентична кампања како конкуренцијата нема да добиете значајна предност. Бидете оргинални.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП