20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda ја претстави Rapid Spaceback

Škoda ја претстави Rapid Spaceback

spaceback

„Škoda“ конечно ја претстави „Spaceback“ верзијата на моделот „Rapid“ по низата шпионски фотографии. Овој модел го карактеризира исто меѓуосовинско растојание од 2602mm, како и кај регуларниот модел, но „Rapid Spaceback“ поседува модифицирани „C“ и „D“ столбови.

На задната страна можеме да го забележиме додавањето на спојлерот кој е додаден на покривот со што се обезбедува спортски изглед, додека изборниот продолжен заден прозорец се шири преку покривот и длабоко во задната врата.

spaceback1

Кога станува збор за практичноста на овој модел, багажниот простор варира од 415 литри што е намалено во одност на 550 литри кај претходниот модел или 1380 литри во однос на 1490 литри кај стариот модел.

Овој модел ќе се продава во Европа со избор на четири бензински и два дизел мотори, при што излезната моќ ќе варира од 74ks дo 121ks.

spaceback2

„Rapid Spaceback GreenLine“ е опремен со 1.6L TDI мотор кој испорачува 89ks и го карактеризира потрошувачката на гориво од 3.8L/100km со CO2 емисија од 99 g/km.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП