20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако не шпионираат трговците во нивните продавници

Како не шпионираат трговците во нивните продавници

283532-pocket

Во ерата на паметни телефони и купувањето преку интернет, на компаниите им стана полесно од било кога да ги пратат своите потрошувачи од кои заработуваат.

Можете да бидете сигурни дека трговците ве пратат и својата понуда ја прилагодуваат како би можеле да потрошите повеќе.

Трговците применуваат различни тактики, како што се уреди за препознавање на лице и уреди за пратење на сигналите од мобилните телефони, како би насобрале што повеќе информации за тоа кои производи требаат да ги продаваат и на кој начин треба тоа да го прават како би заработиле повеќе.

Трагачи

Еден од начините на кој трговците собираат информации за нивните клиенти се таканаречените „трагачи“. Тоа се личности, најчесто антрополози, кои трговците ги ангажираат со цел да го анализираат однесувањето на купувачите. Трагачите шетаат по продавниците преправајки се дека купуваат, додека всушност набљудуваат како се однесуваат другите кои купуваат во продавниците.

Сигнал на мобилен телефон

Трговците имаат уреди кои го пратат сигналот на вашите мобилни телефони преку кој кога и да посакаат можат да видат кои се продавници ги имате посетено и каде најдолго се имате задржано. Таквата технологија е присутна насекаде во Европа, Америка и Австралија.

Картички за бодови

Скоро сите трговци во денешно време имаат картици за бодови преку кои своите редовни купувачи ги наградуваат со редовни попусти. Но истите картички на трговците им се од повеќекратна помош бидејки преку нив ги откриваат потрошувачките навики на секој поединечно. Така промотивните акции носат многу повеќе успех и поголема заработка. На ист начин се искоритуваат и кредитните картички.

Апликации за мобилни телефони

Се повеќе популарни се апликациите кои ги водат потрошувачите низ продавниците до бараните артикли. Исто како и во предходните примери, ова е еден од начините на кој трговците знаат што купувате во нивните продавници.

Детектори за движење

Со помош на детектори за движење трговците во секој момент знаат низ кој дел од продавницата поминуваат најголем број потрошувачи, па баш на тоа место би можеле да постават производ кој би сакале да го продадат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП