19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАуди подготвува кросовер базиран на А3

Ауди подготвува кросовер базиран на А3

audi a3 440

Германскиот производител Ауди има во план да ја прошири линијата на моделот А3 со компактен кросовер кој би можел на пазарот да се појави во 2016-та или 2017-та година.

Интерно познат како „elevated space vehicle“, идниот A3 „Allroad“ ќе биде развиен на модуларната платформа на „Volkswagen“ – „MQB“.

Како што пренесуваат одредени медиуми, компанијата веќе развива концептен автомобил, но германците се уште не одлучиле дали ќе го претстават на претстојниот авто-саем во Франкфурт кој се одржува во септември.

Техничките детали не се објавени, но се очекува Ауди A3 „Allroad“ да биде понуден со 1.8 литарски турбо мотор и дизел мотор од 2.0 литарски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП