19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија – земја со најмногу банкари милионери во ЕУ

Велика Британија – земја со најмногу банкари милионери во ЕУ

bankari1

Во Британија во 2011 година далеку поголем број на банкари заработиле по еден милион евра, отколку што тоа е случај со останатите членки на Европската унија, пренесува агенцијата Франс Прес.

Објавувајќи ги за прв пат податоците за платите на банкарите, Европската банкарска агенција „ЕБА“ наведува дека вкупно 2.436 банкари во Британија заработиле по еден милион евра.

Од овој број, 1.809 лица се вработени во одделот инвестициско банкарство, 85 во малопродажното банкарство, 182 се занимаваат со управувањето со активата, а 360 се распределени во останатите банкарски сектори, се наведува во извештајот на ЕБА, која ги собира овие податоци со цел изготвување на законодавство за да се ограничат банкарските бонуси, кое ќе стапи на сила од 2014 година.

Британија се противеше на предлогот за ограничување на бонусите, но таа беше совладана од останатите европски земји кои веруваат дека на овој начин ќе се спречи превземањето на големи ризици од добивањето на големите бонуси, како што беше случај во периодот пред избувнувањето на финансиската криза.

ЕБА, која предлага платите на банкарите да не бидат повисоки од 500 илјади евра годишно, соопшти дека само 170 банкари во Германија имале приходи повисоки од еден милион евра, потоа 160 во Франција, 125 во Шпанија, 96 во Италија и 36 во Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП