19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар: Ќе ги надокнадиме руските загуби

Кипар: Ќе ги надокнадиме руските загуби

kipar5

Државата Кипар се обврза да направи се што е во нејзина моќ со цел да ги надокнади загубите на руските штедачи и инвеститори, изјави Јанакис Омиру.

Омиру кој е претседател на Домот на Претставници на Кипар, изјави дека се надева дека со променета динамика ќе продолжат инвестициите на руските компании и поединци на Кипар и додаде: „Сакам да кажам дека конфузијата, која ја пратеше неправедната и сурова одлука на Еврогрупата да ги намали депозитите на Кипар, а која влијаеше и на руските граѓани, повеќе не постои. Таа воопшто не влијаеше на односот на двете земји, кои се развиваат во здрава атмосфера“.

Со истиот оптимистичен тон е и изјавата на Валентина Матвиенко, претседател на Советот на Федерацијата на Русија, која изрази надеж дека Кипар ќе ги надмине своите финансиски проблеми и ќе ги зачува позитивните трендови во економската соработка меѓу двете земји.

Кипар во овој момент се наоѓа на првото место меѓу инвестициските канали за инвестиции во Русија. До крајот на 2012 година, инвестициите надминаа 76 милијарди долари, изјави Матвиенко и ја поздрави одлуката на кипарското раководство да обезбеди субвенции за руските инвеститори.

„Ова е важен чекор за враќање на довербата“, изјави Матвиенко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП