19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Унгарија се збогува со ММФ?

Како Унгарија се збогува со ММФ?

ungarija1

Унгарските власти рaзмислуваат заемот добиен од Mеѓународниот монетарен фонд да го вратат пред рокот и да ја затворат канцеларијата на оваа меѓународна институција во Будимпешта.

Гувернерот на унгарската централна банка, Џер Матолци, во писмото упатено до директорката на ММФ, Кристин Лагард, порача дека Унгарија исклучително ја цени поддршката која оваа огранизација и ја даде на неговата земја, како и дека „стенбај“ аранжманот е завршен и дека поради тоа повеќе не е потребно ММФ да ја задржи канцеларијата во Будимпешта.

Унгарија во 2008 година, за време на социјалистичката влада, доби кредитна линија од 20 милијарди евра од ММФ и од други кредитори.

Меѓутоа владата на актуелниот премиер Виктор Орбан одлучи во 2010 година да не го обновува договорот, со цел да избегне поголема контрола од ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП