20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Fitch го намали рејтингот на Франција

И Fitch го намали рејтингот на Франција

rejting1

Агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch“ го намали највисокиот кредитен рејтинг на Франција од „ААА“ на „АА“, придружувајќи им се на останатите агенции кои тоа претходно го направија.

„Fitch“ на Франција и додели стабилна перспектива нагласувајќи дека не очекува понатамошен пад на кредитниот рејтинг во наредните две години, пренесува АФП.

Во соопштението се наведува дека агенцијата таквата одлука ја донела поради неизвесност во врска со економскиот раст на Франција како и малиот простор за маневар на владата во поглед на консолидацијата на државниот буџет.

Невработеноста како и јавниот дефицит се причини за намалување на кредитниот рејтинг.

„Fitch“ предвидува дека француската економија овие години ќе се соочи со пад од 0,3 проценти, потоа дека во 2014 година ќе се зголеми за 0,7 проценти, а во 2015 за 1,2 проценти, додека прогнозите на француската влада се повеќе оптимистични, таа смета дека ќе постои раст од 0,1 проценти оваа година, 1,2 проценти во 2014 година, и два проценти во 2015 и 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП