29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо 30 години пристигна новиот Datsun

По 30 години пристигна новиот Datsun

go

По повеќе од 30 години „Nissan“ ја обнови марката „Datsun“. Првиот модел од новата серија ќе ја има ознаката „GO“, a ќе се произведува во Индија.

Предвидено е „GO“ да се појави во продажба на почетокот на 2014-та година, а почетната цена би требало да се движи околу 5000 евра.

go1

„Datsun GO“ е пред се градски автомобил со пет врати, базиран на моделот „Nissan Micra“. Возилото е долго 3.785 mm, широко е 1.635 mm, a високо 1.485 mm, додека меѓуосовинското растојание е 2.450mm.

Дизајнот на ентериерот е „спартански“ и „сиромашен“, но е многу едноставен, функционален и прилагоден за пазарите во развој.

go2

Единственоста на автомобилот се рефлектира и низ погонските единици. Па така станува збор за еден единствен мотор кој има трицилиндри и е 1.2 литарски бензинец со засега непозната снага. Тој е поврзан со петстепен мануелен менувач.

„Datsun GO“ е првиот од неколкуте идни модели на овој обновен јапонски бренд кој „Nissan“ има во план да го лансира на пазарите како што се индискиот, рускиот и јужноафричкиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП