20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп 5 места за живеење

Топ 5 места за живеење

Дали постои град кој може да се пофали со одличен јавен превоз и одлични училишта, а во исто време да има и многу ниска стапка на криминал и загадување?

Консултантската компанија „Мерсер“, објави листа со градови кои можат тоа да го понудат. Во нивниот извештај за квалитетот на животот, се пресметани условите за живот во 221 градови во целиот свет. Овие се првите пет:

Виена, Австрија

Најнаселениот и главниот град на Австрија, Виена, уште од 2009 година се наоѓа на врвот на оваа листа. Тој е еден од осумте европски градови, кои се во топ 10, со што се укажува доминацијата на европските градови, во споредба со останатите градови во светот.

Виена е културен, политички и економски центар на земјата. Таа има највисок БДП по глава на жител, во споредба со останатите австриски градови, кој изнесува 55.000 американски долари годишно.

Способноста на Виена да ја трансформира старата инфраструктура во модерни станови, и донесе Урбанистичка награда за подобрување на условите за живот за сопствените граѓани во 2010 година. Во проектот кој чинеше повеќе од милион долари, реновирани се повеќе од 5.000 згради, со околу 25.000 станови. Виена, исто така, е топ светска дестинација за конференции, која годишно привлекува пет милиони туристи.

viena1

 

Цирих, Швајцарија

Цирих, најголемиот швајцарски град, се наоѓа на второто место како и минатата година. Цирих е познат како глобален финансиски центар, тој е седиште на едно од секое десетто работно место во Швајцарија. Градот е најголемата туристичка дестинација во земјата, познат по своето езеро и синџирот од планини кои се движат од север кон југ и обезбедуваат широк спектар на рекреативни активности.

Трошоците на живеење во Цирих се наоѓаат на шестото место во однос на остатокот од светот. Цирих и Женева ја прават Швајцарија најскапа земја за живеење во Западна Европа. Цирих, но и самата Швајцарија, е еден од најбезбедните градови за живеење во светот.

cirih2

 

Окленд, Нов Зеланд

Најголемиот и најнаселениот град во Нов Зеланд, Окланд, нуди најдобар квалитет за живеење во азиско-пацифичкиот регион, сега веќе втора година по ред, а во последните шест години постојано се наоѓа во топ 5 најдобрите градови за живеење во светот.

Окланд е сместен помеѓу две пристаништа, со 12 угасени вулкани и бројни острови, затоа не случајно градот е со најголем број на чамци по глава на жител. Неговите 1.4 милиони жители претставуваат 30 проценти од вкупната популација на Нов Зеланд. Во овој град живеат најмногу образовани луѓе во земјата, околу 37 проценти од луѓето кои живеат во него имаат, најмалку, факултетска диплома.

oklend1

 

Минхен, Германија

Минхен е третиот град по големина во Германија и еден од клучните економски центри во земјата. Минхен е домот на неколку најзначајни германски компании, вклучувајќи ги „Сименс“ и „Алијанц“. Куповната моќ по глава на жител во 2012 година, изнесувала повеќе од 33.700 долари по глава на жител, што е најмногу од сите германски градови и 30 проценти над просекот на земјата.

minhen1

 

Ванкувер, Канада

Ванкувер е единствениот канадски и северноамерикански град кој се наоѓа во топ 10 листата. Градот со најблагата клима во Канада, Ванкувер е и град со најмногу зеленило и со најмала стапка на емисиите на гасови со јаглероден диоксид на целиот континент. Опкружен со вода и снежни планини Ванкувер е градот кој најмногу се залага за „зелените згради“, планирањето и технологијата, со амбиции овој град да стане „најзелениот“ град во светот до 2020 година.

vankuver1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП