18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПресметајте кој жител по ред сте на Земјата

Пресметајте кој жител по ред сте на Земјата

zitel1

Програмерите не престануваат да го изненадуваат човештвото со нови апликации кои што постојано се појавуваат на интернет, а една од нив е и онаа за прецизно пресметување на нашиот реден број, односно податокот кој жител по ред сте биле на Земјата во моментот на вашето раѓање.

 
zitel2

 
Една навистина интересна апликација може да пресмета и колку луѓе живееле пред вас откако започнала историјата. И двата броја се добиваат врз основа на податоците за светската популација кои што ги поседуваат Обединетите нации.
 

zitel3

 
Првиот број е точниот број на луѓе кои што биле живи во моментот кога сте се родиле. Сепак, податоците кои што се пресметуваат за лицата родени пред 1950-та година не се толку прецизни како оние кои што се родени подоцна.
 
zitel4

 
Втората цифра, онаа која покажува колку луѓе живееле пред вас, се пресметува преку методот на Карл Хауб и неговата пресметка е заснована врз податоците на Обединетите нации. Така, доколку сакате да дознаете кој жител по ред сте биле во моментот кога сте се родиле и колку луѓе живееле пред вас, тоа можете да го направите на следниот линк, внесувајќи го вашиот датум на раѓање.
 
zitel5

 
Покрај тоа што можете да добиете податок за “вашиот светски реден број”, со внесувањето на податоците за земјата во која живеете и вашиот пол, оваа апликација ќе ви даде и повеќе информации за демографските карактеристики и прогнози за регионот во кој живеете.

 

Извор: Точка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП